По повод објавувањето на новиот албум „The 20/20 Experience“, Џастин Тимберлејк ги поздрави своите фанови со спотот за вториот сингл „Mirrors“.
Режиран од Флориа Сигисмонди, 8-минутниот клип е посветен на бабата и дедото на Џастин Тимберлејк, Сејди и Вилијам. Речиси целото видео ја раскажува приказната за нивната 63-годишна врска, но ја покажува и тагата на Сејди поради заминувањето на Вилијам од овој свет минатата година.
Џастин се појавува кон крајот на видеото, во сцена во која го фаќа свршеничкиот прстен на неговата баба, што на одреден начин се поврзува со неговата свадба со Џесика Бил, на која дедо му не можел да присуствува поради влошената здравствена состојба.