Џастин Тимберлејк изгледа елегантно и заводнички во костум на Том Форд во видеозаписот за „Suit & Tie“.
Во црно-белиот спот се појавува и Џеј-Зи, со кого Џастин соработуваше за својот камбек сингл.
Режисер на спотот е Дејвид Финчер. „Suit & Tie“ е дел од претстојниот нов албум на Џастин, „The 20/20 Experience“.