Евровизиската песна „Пред да се раздени“ доби своја англиска верзија. „If I Could Change The World“ е насловот на новата верзија на песната со која Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ќе ја претставуваат Македонија во Малме, Шведска.
Видеото е монтажа од сцени од претходни спотови на Есма и Лозано. Официјалниот видеозапис за „Пред да се раздени“ допрва ќе ја има својата премиера.
Нашите музички ѕвезди за првпат ја изведоа „If I Could Change The World“ во текот на изминатиов викенд во Амстердам, во рамките на евровизискиот настан „Eurovision In Concert“.