Влатко Лозаноски – Лозано објави снимка од минатогодишниот концерт во Скопје за да ги расположи своите обожаватели.
„Со оглед на ситуацијата која ни се случува на сите нам, решивме заедно со мојот тим да Ви го подариме нашиот двочасовен концерт, за време на овој карантин. Ви благодарам уште еднаш од срце на сите оние кои што присуствуваа на овој прекрасен концерт, на тие кои што беа зад и на бината, но најмногу на тие кои беа пред бината, одличната публика која придонесе овој концерт да добие друга димензија. Ве гушкам ‘јако, јако’ и останете прекрасни како што сте.... до нашето следно видување“ – порача тој.