Надополнето: Видеото е повлечено од YouTube.
Денес беше премиерата на песната со која Македонија ќе се претстави на Евровизија 2013. Освен што за прв пат имавме можност да ја слушнеме евровизиската „Империја“ во изведба на Влатко Лозаноски и Есма Реџепова, претставен беше и видеозаписот за истата.
Музиката и аранжманот на „Империја“ се дело на авторите Симеон Атанасов и Дејан Момироски, а текстот е потпишан од Борче Нечовски.
Кралицата на ромската музика и познатиот поп-пејач ќе настапат во Малме, Шведска, за време на втората полуфинална вечер која ќе се одржи на 16 мај.