Денес беше објавен официјалниот спот за песната со која Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ќе нè претставуваат на Евровизија 2013.
Композицијата „Пред да се раздени“, чија англиска верзија носи наслов „If I Could Change The World“, е дело на Лазар Цветкоски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а за текстот е заслужна пејачката Магдалена Цветкоска – Ена, додека зад делот на Есма како комплетен автор стои Симеон Атанасов.
Есма и Влатко ќе настапат во Малме, Шведска, за време на втората полуфинална вечер која ќе се одржи на 16 мај.