Северина го објави спотот за „Sorry“.
51-годишната хрватска пејачка танцува заводливо во тесен фустан во видеозаписот за новата песна која е дел од претстојниот истоимен албум.
Музиката, текстот и аранжманот се на Филип Милетиќ, а за спотот заслужен е Немања Новаковиќ.
Северина го објави и спотот за песната „Metak“, а во претстојните денови треба да објави уште три нови спотa и песни.