Калиопи, Северина и Кеба се забавуваа за време на заеднички видео разговор. Тројцата музичари ја отпеаја „Битола мој роден крај“ и ја развеселија македонската јавност.
„Вака беше синоќа на Instagram Live. Двајца прекрасни луѓе, две благородни суштества, ни ги разубавија минутите што ги поминуваме заедно во живо на инстаграм...Од тоа нивно изненадување зедовме повеќе светлина и позитива за овие денови во изолација... Ви благодарам мои прекрасни Северина и Кеба...“ – напиша македонската музичка ѕвезда на Facebook.