Северина со стил го прослави 51-виот роденден во Загреб.
Хрватската пејачка сподели фотографии од прославата на која присуствуваа нејзиниот син Александар и многу колеги, роднини и пријатели. Во описот, таа им се заблагодари на сите и напиша дека се чувствува благословено.
„Прекрасно е да се топлам во вашите прегратки и љубовта која ми ја пружите. Благословена сум, ѝ благодарам на небесата и на сите вас за преубавите честитки“ – напиша таа.
Роденденската торта на три ката беше украсена со црно-бели фотографии од славеничката.