Северина разнежни многу родителски срца со спотот за „Rodjeno moje“.
Баладата посветена на нејзиниот син Александар веднаш стана балкански хит.
Во спотот, 47-годишната хрватска пејачка е прикажана во ситуации кои ги доживуваат многу родители.
„Ова е голема, убава песна во која може да се пронајде секој родител и секој човек. Кога ми ја испрати Милош, во мене побуди ерупција на емоции и веднаш ја снимив. Пораката на песната е безусловна љубов“ – вели Северина.