Нокаут победи на „Макфест“. Со песната „Сакам да живеам“, музичкиот бенд ја освои првата награда на 35-тото издание на македонскиот фестивал. За победникот беше обезбедена парична награда од 5.000 евра.
Видео

Оваа 2020 година сепак не била толку лоша.
Победата на Макфест доаѓа во можеби најсложениот, но и најсреќниот период за НОКАУТ. Победа, која пред сè им ја посветуваме на оние за кои живееме, за кои твориме, од кои ја добиваме најголемата поддршка и љубов повеќе од 25 години - нашата публика! Ве сакаме од срце!
Тие што нè сакаат, заслужуваат најголемо внимание!
Ќе излажеме ако кажеме дека не сме изненадени и пресреќни. Благодарност до Макфест за беспрекорната организација во овие ненормално нормални времиња. И секако за статуетката која е само уште еден доказ за вредноста која го носи името НОКАУТ сиве овие години.
Огнен и Филип Неделковски, неизмерно благодарам за успешната соработка. Чест и гордост е да се работи со вас. Оваа победа е и ваша!
Огромен поздрав и до продуцентот на песната и нашиот драг пријател Darko Dimitrov.
Длабок наклон од целиот бенд, од Пере, Баге, Боро, Вичи, Горанчо и Гоки за нашите семејства, пријатели, соработници, и за сите оние кои нè поддржуваат и веруваат во нас. Без вас ништо немаше да биде исто.
Се гледаме на друго место и во друго време!
Нокаут

Втората награда за која беа предвидени и 3.000 евра заврши во рацете на Ѓоко Танески за песната „Ден по ден“.
Омар Џаферовски застана на трето место со „Ако те изгубам“ и доби 1.000 евра.
Манифестацијата се одржа под отворено небо поради пандемијата со коронавирусот, а изведувачите пееја на плејбек, бидејќи не можеше да се обезбеди засебен микрофон за секој од нив.