Мартинијан Кириловски е големиот победник на „Макфест 2019“. Младиот поп-пејач со песната „100 пати на ден“ застана на првото место на овогодишниот фестивал на забавни мелодии.
Кириловски освои и парична награда во износ од 5.000 евра.

Текстот и музиката на песната се дело на Ристо Самарџиев, додека за аранџманот се погрижил Иле Спасев.
Видео
Александар Митевски и Драган Спасов – Дац го освоија второто место со песната „Уште ми фалиш“ и освоија 3.000 евра.
Третото место им припадна на Фрајле кои настапија со песната „Не ѝ признавај“. Паричната награда за нив изнесуваше 1.000 евра.
Награда за Најдобар сценски настап освои Мартија Станојковиќ за „Возбуда и љубов“, наградата за Најдобар аранжман отиде во рацете на Иле Спасев за „Кој те учи така“, на Славица Ангелова ѝ беше врачена наградата за Најдобар дебитант за „Љубовта не боли“ и Росана Сариќ – Тодоровска за изведбата на „Спомени“ доби наградата за Најдобра интерпретација. Сите освоија награда од 500 евра.

Водителка беше Марјана Станојковска.