Марија Шерифовиќ му го подари првиот подарок на синот Марио.
Славната српска пејачка му ја посвети новата песна „Долази љубав“, за која вели дека ја пишувала додека го чекала и сонувала за него.
„Мојата љубов дојде – името ѝ е Марио. Сине мој, ова е првиот подарок за тебе. Со љубов. М“ – напиша таа.
„Сакајте се со оваа песна. Пеете им ја секој ден на партнерот, мајката, таткото, братот, сестрата, пријателите, децата, миленичињата... Пробајте. Верувајте ми! Лековито е!“ – дополни Шерифовиќ.
Таа вчера објави видео во кое го држи в раце бебенцето и му пее. Марио се роди со помош на сурогат-мајка.


