Бенд од Кореја настапи со „Молитва“ во корејското музичко шоу „Phantom Singer“, а видеото од изведбата го одушеви Балканот.
Талентираните музичари со неверојатни гласови моќно ја отпеаја српската песна која победи на Евровизија во 2007 година. Нивниот настап стигна до самата евровизиска победничка Марија Шерифовиќ, која им посака среќа.
Видео
„Драги колеги, ви честитам од длабочината на срцето. Ова е најдобрата верзија на ‘Молитва’ која некогаш сум ја слушнала. Ви посакувам сè најдобро во понатамошната кариера и во натпреварувањето. Се гледаме наскоро“ – напиша српската пејачка.
Она што импресионира не е само вокалната изведба на песната, туку и изговорот на српскиот јазик.