Почетна » Новости » Животни стории » Добро дело за почит: Марија Шерифовиќ му обезбеди дом и храна за една година на млад пејач кој спиел под мост

Добро дело за почит: Марија Шерифовиќ му обезбеди дом и храна за една година на млад пејач кој спиел под мост

Марија Шерифовиќ ја покажа хуманоста на дело. Српската пејачка со големо изненадување му го олесна животот на млад пејач од Босна и Херцеговина кој немал дом и спиел под мост.

Мустафа Хрустиќ, кој од 7-годишна возраст е без родители, со прегратка ја дочека Марија во Зеница, а неговата насмевка стана уште поширока кога дозна дека таа му ја платила киријата за една година и се договорила со локален ресторан да му обезбедува бесплатни оброци.

Видео

Марија Шерифовиќ

Животот не бил лесен за Мустафа, кој откако ги изгубил родителите, заедно со брат му бил згрижен од лица кои ги принудувале да заработуваат уште како деца. За мачното детство, тој вели: „Од мојата седма година пеам на улица... Ако не донесевме доволно пари, ни се закануваа со ќотек. Па бегавме од дома. Не гледав дали има снег, дожд, спиев под балкон“.

Бидејќи не завршил училиште, Мустафа тешко може да стигне до работа, а пеењето не му носи доволно приходи да има свој дом. За среќа, Шерифовиќ му даде нова шанса да си го промени животот и барем накратко да не мисли на основните трошоци.

Марија Шерифовиќ

„Ова беше преубав ден. Сакам да верувам дека барем малку сум поправила нечиј живот“ – вели Марија и објаснува дека решила да го сними видеото за да инспирира и други да продолжат да прават добри дела.

„Боже фала ти што имам дар и можност да помогнам некому, тоа е навистина благослов. Кога размислувам кои се предностите на популарноста и мојата работа, би рекла дека е токму тоа – да можам да бидам тука за оние кои ги сакам, оние кои ги познавам, па и оние кои не ги познавам, за да ја обоиме сликата во малку поубави бои“ – заклучува таа.

Марија Шерифовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20786 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.