За огромна радост на обожавателите на Бритни Спирс, вчера се појави демо верзија на нејзиниот најнов сингл Hold It Against Me.
Демо верзијата не е отпеана од Бритни, но треба да ни навести што да очекуваме од новиот сингл. Во меѓувреме беше објавен и омотот за Hold It Against Me.
Коментирајќи за демото, Бритни на Twitter напиша: „Ако мислите дека тоа е добро, почекајте додека да ја слушнете вистинската во вторник“.
Рајан Синкрест, кој е меѓу малкуте што имале можност да ја слушнат финалната верзија, изјавил: „WOW. Не може ни да се спореди“.
Бритни ја избрала датата 11.01.11 за премиера на првиот сингл од нејзиниот најнов албум. А дотогаш, ние можеме само да претпоставуваме каква е финалната верзија.