Почетна » Новости » Музика » Дани Димитровска, Роберт Билбилов, Мина Блажев... Настапите на наградените пејачи на „Макфест“

Дани Димитровска, Роберт Билбилов, Мина Блажев... Настапите на наградените пејачи на „Макфест“

На овогодишниот Макфест беа претставени 32 нови композиции, но само неколку од изведувачите беа почестени со награди за своите настапи. Во двете полуфинални вечери беа елиминирани 12 нумери, а 20 продолжија да се натпреваруваат во финалето.

Антониа Гиговска со „Никогаш не вели никогаш“ застана на првото место и освои парична награда од 5.000 евра. Веднаш зад неа се најде Роберт Билбилов со песната „Чудни места“, за што беше награден со 4.000 евра, а во негови раце заврши и наградата за Најдобар аранжман. Третото место остана за Дани Димитровска и нејзината нумера „Време“, за која доби 3.000 евра.

Награди во висина од 500 евра добија и Наташа Малинкова за Најдобра интерпретација, Мина Блажев за Најдобар дебитант и Пепа Димитрова за Најдобар сценски настап.

Погледнете ги нивните настапи во финалето:

Антониа Гиговска – „Никогаш не вели никогаш“

Роберт Билбилов – „Чудни места“

Дани Димитровска – „Време“

Мина Блажев – „Во други души“

Наташа Малинкова – „Милион причини“

Пепа Димитрова – „Доцна е“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.