Бритни Спирс го објави спотот за баладата „Perfume“. Во видеото режирано од Џозеф Кан, Бритни е вмешана во љубовен триаголник.
„Сите минуваат низ моменти на несигурност во врската, кои ги оставаат ранливи и сметам дека оваа песна го доловува тоа“ – изјави Спирс кога ја објави песната.
„Perfume“ е дел од најновиот албум на популарната пејачка, „Britney Jean“.