Бритни Спирс ги израдува своите фанови со песната „Perfume“. „Ова е како да споделувам дел од моето срце“ – коментираше 31-годишната музичка ѕвезда за новата песна.
Баладата е напишана од Бритни и австралиската пејачка Сиа. „Сите минуваат низ моменти на несигурност во врската, кои ги оставаат ранливи и сметам дека оваа песна го доловува тоа“ – изјавила славната пејачка за E!.
Новиот албум на Бритни, „Britney Jean“, ќе биде пуштен во продажба на 3 декември.