Сара Мејс го објави спотот за „Очи Вселена“.
Песната со ултра модерен звук со диско ритам и заразна мелодија доби современ, динамичен и автентичен видеозапис.
Популарната македонска пејачка песната му ја посвети на едногодишниот син Кирил.
„Песнава ја напишав и ја посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце... Премногу емоции, премногу среќа, премногу светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Морав да го овековечам со песна. Не би било реално и правилно во мојов свет ако не се случеше. Кирил е делчето од слагалицата што ме направи целосна и комплетна. И не само мене, туку цело семејство. И Илина си доби братче и Димитар си доби син. Песна за Илина имам напишано, ‘Бакар боја’, му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа“ – вели Сара.