Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Сара Мејс нè забавува со оригинална македонска песна од карантин

ВИДЕО: Сара Мејс нè забавува со оригинална македонска песна од карантин

Сара Мејс твори од карантин преку Facebook Challenge и ја создаде песната „Наше време“.

Песната тргна како музички мотив на харфа, која таа го објави на својот профил за време на изолација и предизвика еден од нејзините колеги музичари да отсвири бас линија врз нејзината тема. Музичарите продолжија да се предизвикуваат и до крајот на денот тие стигнаа до дел од строфа која беше исто така објавена на Facebook.

Целосната песна ја имаме денес. Со неа и карантин видео - секој сниман во сосема домашни услови.

Сара Мејс преку песната испраќа силна порака: „Еден ден сѐ ќе биде во ред и времето кое го живееме сега, ќе биде раскажувано од нашите деца во иднина“.

Тимски создадена, музиката на „Наше време“ е на Сара Мејс, како и изведбата на харфа, вокали – Сара Мејс, Теона Јованоска и Матеј Додевски, Симеон Ангеловски – бас гитара, Драган Теодосиев – тапани, Зоран Јагоридовски – конги, додека за звукот се погрижи Ивица Јанкуловски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20925 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.