„Намбареја“ е новата провокативна предзимска порака на Сара Мејс. Песната е дело на Сара и Ива, текстот го потпишува Сара, а аранжманот е на Роберт Билбилов.
Видеото е снимено во скопски хотел, а режисер е Дарко Мораитов. За финалниот изглед на видеото придонесе и Мишо Спасовски, минатогодишниот финалист и партнер на Мејс во шоуто „Танц со ѕвездите“.