Ријана го објави спотот за „Diamonds“. На почетокот на видеото, 24-годишната пејачка од Барбадос минува со прстите низ купче со мали дијаманти, а на крајот таа плови на површината на темна вода.
Спотот режиран од Ентони Мендлер не раскажува некоја конкретна приказна, но преку неповрзаните снимки кои го задржуваат вниманието ги тера гледачите да размислуваат.
„Diamonds“ е водечки сингл од најновиот албум на Ријана, „Unapologetic“.