Викендов Ријана по четврти пат беше музичка гостинка во шоуто „Saturday Night Live“ и им ги затвори устите на критичарите кои ја обвинуваат дека не може да пее во живо.
24-годишната пејачка го насочи вниманието кон својот глас, исполнувајќи две песни од својот нов албум, „Unapologetic“.
Прво настапи со хитот „Diamonds“, а потоа за првпат ја испеа новата балада „Stay“.