Како што и се очекуваше, Ријана објави провокативен спот за „Pour It Up“. Танцување на шипка, разголени костими, „тверкинг“, расфрлање на пари... сите елементи во новиот спот се инспирирани од стриптизот.
„Pour It Up“ е дел од последниот албум на Ријана, „Unapologetic“.
Најверојатно познатата пејачка од Барбадос со новиот видеозапис ќе привлече негативни коментари и критики какви што досега добиваше Мајли Сајрус по настапот на MTV VMA.