Ријана вчера го објави спотот за „California King Bed“. Нежната балада доби и соодветен спот во кој Ријана и нејзиниот љубовник се оддалечуваат еден од друг, иако физички се блиску.
Видеото е едноставно, но е исполнето со прекрасни кадри. Ријана со својата црвена коса блеска на позадината од сино небо или зелена трева додека го пее емотивниот текст.
Спотот е режиран од Ентони Мендлер, кој ги создал и спотовите на Ријана за „Take A Bow“, „Disturbia“, „Rehab“, „Russian Roulette“, „Te Amo“ и „Only Girl (In the World)“.
„California King Bed“ е шестиот сингл од нејзиниот последен студиски албум, Loud.