Пикантната песна на Енрике Иглесијас „Tonight (I’m Loving You)“ доби и исто толку провокативен спот.
Во видеото Енрике е прикажан како заводник. Прво заведува убава бринета во ноќен клуб и води љубов со неа во темно ќоше, а потоа додека игра покер освојува со поглед уште една убава девојка. Спотот е исполнет со многу секси провокативни сцени.
„Тоа е скоро како машка фантазија. Токму тоа сакавме и да го создадеме“ – изјавил Енрике во врска со видеото.
Постои и втора поексплицитна верзија на песната – „Tonight (I’m F***ing You)“. Кога Енрике бил запрашан дали имал за цел да го искористи „шок факторот“, тој одговорил дека воопшто не се работело за тоа. „Ја сакам песната. Ја обожавам мелодијата. Мислам дека е уникатна“ – изјавил шпанскиот срцекршач.
„Tonight (I’m Loving You)“ е дел од новиот деветти по ред студиски албум на Енрике, „Euphoria“.