Кристина Агилера шири позитивна енергија со видеозаписот за „Let There Be Love“. Спотот започнува со порака од 32-годишната пејачка до нејзините фанови, со која им се заблагодарува за поддршката и љубовта.
Спотот наликува на домашно видео, во кое најразлични лица, меѓу кои и синчето на Кристина, Макс, и нејзината позната пријателка Никол Ричи, покажуваат рачно напишани инспиративни пораки. Учесниците во видеото со рацете покажуваат и „L“, што значи „Love“.
„Let There Be Love“ е дел од седмиот студиски албум на Агилера, „Lotus“.