Кристина Агилера им се придружи на момците од групата A Great Big World во спотот за баладата „Say Something“.
Емотивното видео вклучува три животни приказни – мало девојче кое не може да ги слуша расправиите на своите родители, дечко и девојка кои ладно лежат еден покрај друг и возрасен маж кој се подготвува за заминувањето на својата сопруга од овој свет. Спотот се фокусира на две теми – љубов и разделба.
Агилера и A Great Big World ќе настапат со оваа песна за време на доделувањето на Американските музички награди (АМА), кое ќе се одржи на 24 ноември.