Во саботата вечерта се одржа финалето на британското музичко шоу X Factor. Гости во шоуто беа мега-популарните Кристина Агилера и Ријана, но наместо комплименти за своите настапи, тие добија многу критики од британските гледачи.
Причина за револтот било тоа што настапите и костимите на Ријана и Кристина биле премногу провокативни за да бидат прикажувани на телевизија пред 21 часот, кога многу деца се пред телевизиските екрани.
Гледачите испратиле многу жалби, а голем дел од нив гневот го истурале на интернет форумите и социјалната мрежа Twitter, укажувајќи на тоа дека фамилијарно шоу од овој тип не треба да си дозволи ваков пропуст. Најголемо внимание во жалбите се посветува на изведбата на Кристина. „Ријана не беше толку лоша, но беше грешка изведбата на Кристина да се прикажува на телевизија во 20.30! Многу несоодветно“ – коментирала една гледачка.
Финалето на X Factor е еден од најголемите телевизиски настани во Велика Британија и скоро третина од популацијата тогаш е пред малите екрани.
Погледнете ги настапите на Кристина и Ријана.
Кристина Агилера – „Express“
Ријана – „What's My Name“
Ријана и Кристина направија и дуети со натпреварувачите. Ријана и Мат Крадл, кој беше прогласен за победник, настапија со хитот „Unfaithful“, а Кристина и Ребека Фергусон настапија со популарната балада „Beautiful“.