Пинк се враќа на музичката сцена со „бум“. Бунтовната пејачка го објави спотот за „Blow Me (One Last Kiss)“, првиот сингл од претстојниот музички албум „The Truth About Love“.
Како што и се очекуваше од Пинк, спотот е откачен и забавен. Црно-белото видео е режирано од нејзиниот долгогодишен соработник Дејв Мајерс.
Исто така, Пинк ја објави и финалната верзија на „The King is Dead but the Queen is Alive“. Слушнете ја: