Пинк преку динамична кореографија физички се пресметува со својот љубовник во спотот за песната „Try“. Кореографијата на бунтовната пејачка и талентираниот танчар Колт Пратс е дело на The Golden Boyz, а е инспирирана од познатиот апаш танц.
Убавиот агресивен и акробатски танц покажува борба меѓу маж и жена, што на некој начин ги опишува непријатните ситуации во кои некој може да се најде кога ќе се заљуби, а за кои Пинк пее во песната.
„Снимањето на ова видео беше најзабавниот момент во мојата досегашна кариера. Не сакав да заврши. Тоа е моето омилено видео“ – рекла Пинк.
„Try“ е дел од новиот албум на Пинк, „The Truth About Love“.