Пинк го објави спотот за дуетот „Just Give Me A Reason“ со фронтменот на Fun, Нејт Рус. Видеото е како сон и ја покажува Пинк заедно со плишано мече како лежи на кревет кој лебди над облаци и вода.
Во неколку сцени од спотот, 33-годишната пејачка си разменува нежности со сопругот Кери Харт, додека во други, пее наспроти Нејт.
„Just Give Me A Reason“ е дел од новиот албум на Пинк, „The Truth About Love“, кој доби и Греми номинација.