Лана Дел Реј повторно ги изненади своите обожаватели со долг спот. Видео-записот за песната „Ride“ е всушност 10-минутен филм, режиран од Ентони Мендлер, којшто соработуваше со Лана за спотот за „National Anthem“.
Во видеото Лана е девојка без дом, која патува со моторџии и заведува неколку повозрасни љубовници. „Нема корист од тоа да зборуваш со луѓе кои имаат дом. Тие не знаат како е да бараш сигурност во други луѓе и како е да ти биде дом кое било место на коешто ќе легнеш“ – вели таа во видеото.
„Ride“ е дел од новото издание на дебитансткиот албум на Лана, „Born to Die: Paradise Edition“.