Лана Дел Реј е и Мерилин Монро и Џеки Кенеди во својот спот за „National Anthem“.
На почетокот на спотот, Лана е во улогата на Мерилин Монро и му пее „Happy Birthday“ на претседателот Џон Кенеди со кого се верува дека Мерилин имаше афера, но потоа Лана ја претставува Џеки Кенеди, неговата сопруга.
Видеото ја покажува страсната љубов помеѓу Џон и Џеки сè до неговиот атентат. Првото семејство на САД е претставено на посовремен начин – убава бела жена во брак со моќен црн маж, што било незамисливо во 60-тите години на минатиот век.
Долгиот спот веднаш по објавувањето крена многу врева и поттикна дискусии за изборот на приказната.