Скоти Мекрири е новиот музички идол на Америка. 17-годишниот кантри пејач ја победи финалистката Лорен Алeјна и стана 10-тиот американски идол.
Младиот идол ги освои срцата и гласовите на публиката со својот препознатлив длабок глас. За време на финалната вечер тој го отпеа неговиот прв сингл „I Love You This Big“.
Неговата конкурентка, 16-годишната Алeјна, исто така настапи со својот прв сингл, „Like My Mother Does“.
Пред почетокот на финалето се појавија вести дека младата Лорен има проблеми со гласот, но таа успеа повторно да го освои жирито откако докторите ѝ дадоа зелено светло да настапи.
Водителот Рајан Сикрест го прогласи победникот објавувајќи и дека за финалното гласање биле собрани рекордни 122 милиони гласа.