Лазаро Арбос ги освои жирито и публиката на „American Idol“. Неговиот емотивен настап на аудициите освои четири „Да“ од членовите на жири комисијата и му даде шанса да стане новиот музички идол.
За 21-годишниот Американец зборувањето е огромен проблем, бидејќи екстремното пелтечење го нарушува нормалниот тек на неговото говорење. Лазаро се бори со пелтечењето од 6-годишна возраст. Но, кога доаѓа на ред пеењето, пелтечењето исчезнува и излегува на виделина вокалниот талент на Лазаро.
Инспиративниот пејач го воодушеви жирито со изведбата на „Bridge Over Troubled Water“ од Сајмон и Гарфанкел. Погледнете го неговиот настап и сигурно ќе се согласите со Кит Урбан, кој смета дека Лазаро не треба да престанува да пее.