За „скромни“ 12 милиони долари, Џенифер Лопез прифатила да биде дел од жирито на American Idol.
„Таа е многу возбудена“ – изјавил близок на Џеј Ло.
Списанието People ги потврди гласините дека Џеј Ло ќе учествува во 10-тата сезона на една од најгледаните емисии во САД, но сè уште нема официјална потврда ниту од Лопез, ниту од телевизијата Fox.
Пред еден месец за прв пат во јавноста се појавија информации дека Џенифер Лопез ќе биде дел од шоуто, но тогаш не бил склучен договор, наводно поради преголемите барања на 41-годишната пејачка.
Новата сезона можно е да добие целосно ново жири, откако Сајмон Кауел, Елен Деџенерис и Кара Диогварди го напуштија шоуто. Од старите членови на жирито оваа сезона може да остане единствено Ренди Џексон.
Како нови членови уште се споменуваат Стивен Тајлер, Шанаја Твејн и Елтон Џон, но нема официјална потврда за ниту еден од нив.