Америка вчера го прогласи својот десетти музички идол. Спектакуларното шоу заврши со крунисувањето на победникот, но ќе остане запаметено и по феноменалните настапи на многу музички ѕвезди – Бијонсе, Лејди Гага, Марк Антони, Џенифер Лопез и Стивен Тајлер.
Бијонсе
Бијонсе настапи двапати. Прво, со најдобрите натпреварувачки отпеа микс од неколку нејзини композиции: „Single Ladies (Put A Ring On It)“, „Irreplaceable“, „Get Me Bodied“, „If I Were Boy“, „Déjà Vu“ и „Crazy In Love“, а потоа премиерно ја изведе во живо нејзината најнова песна „1+1“.
Микс од песни на Бијонсе – најдобрите натпреварувачки
„1+1“ – Бијонсе
Лејди Гага
13-те најдобри учесници во шоуто настапија со актуелниот хит на Лејди Гага, „Born this Way“, а ексцентричната пејачка ја воодушеви публиката со песната „The Edge of Glory“.
„Born this Way“ – топ 13
„The Edge of Glory“ – Лејди Гага
Џеј Ло и Марк Антони
Џеј Ло ја „полуде“ публиката со нејзините вртоглави денс движења. Таа го придружуваше на сцената својот сопруг Марк Антони, којшто ја отпеа песната „Aguanile“.
Стивен Тајлер
Стивен Тајлер, кој оваа година за првпат е член на жирито на популарното шоу, го покажа својот извонреден глас преку изведбата на фантастичната „Dream On“.