Бритни Спирс го објави видеозаписот за новиот сингл „Work Bitch“. Во спотот 31-годишната поп-ѕвезда се појавува во повеќе различни костими кои ја истакнуваат нејзината фигура.
Со група танчарки Бритни танцува сред пустина, стои во центарот на базен со ајкули и се забавува во ноќен клуб.
„Сметам дека ова е повозрасна Бритни, дефинитивно повозрасна Бритни“ – изјавил режисерот на спотот Бен Мор.
„Work B**ch“ е дел од претстојниот осми студиски албум на Бритни.