Бритни Спирс беше принудена да ја објави новата песна еден ден пред планираната премиера. 31-годишната пејачка го изрази своето незадоволство од „истекувањето“ на аудио снимка со лош квалитет од песната „Work B**ch“ и ги израдува своите фанови со официјалната верзија.
„Work B**ch“ е дел од претстојниот осми студиски албум на Бритни.
Минатата недела Спирс сподели неколку фотографии направени за време на снимањето на спотот за песната. Едната од фотографиите ја покажува во бикини за време на паузата, додека на другата таа танцува во провокативна облека пред камерите.