Бритни Спирс оди во подземјето во новиот спот за песната „Till the World Ends“. Видеото режирано од Реј Кеј го прикажува крајот на светот, а во меѓувреме Бритни ги води луѓето на забава под земја за да избегаат од лудилото.
Дејството се одвива на 21 декември 2012 година, денот кога Маите предвиделе дека ќе дојде крајот на светот.
Бритни ќе објави уште еден спот за песната чиј коавтор е Ke$ha, кој ќе вклучува повеќе танцување.
„Till the World Ends“ е дел од најновиот албум на Бритни, „Femme Fatale“.