Бритни Спирс официјално се врати на музичката сцена со објавувањето на својот најнов албум „Femme Fatale“. 29-годишната пејачка во неделата сними мини концерт во Сан Франциско, кој денес беше премиерно прикажан во емисијата Good Morning America.
Мега-популарната Бритни настапи со три песни пред 5000 лојални обожаватели. Облечена во тесни костими и со придружба од танчери, таа ги изведе „Hold it Against Me“, „Til the World Ends“ и „Big Fat Bass“.

Иако подолго време Бритни ја немаше на музичката сцена, таа не ги изгуби своите обожаватели. Доказ за тоа е што картите за малиот концерт биле распродадени за 14 минути. За сите оние коишто копнеат да ја видат Бритни, таа најави и летна турнеја со Енрике Иглесијас.
Бритни возбудено изјави: „Ви благодарам за целата љубов и поддршка... Ја сакам музиката. Таа е мојот свет. Таа ми е сè, па јас сум толку среќна што имам можност да ја споделам со сите“. А потоа објави: „Во јуни одиме на турнеја со Енрике Иглесијас“.

По објавувањето на снимките од малиот концерт, повеќето нејзини фанови останаа воодушевени, но не беа малку и оние кои ја искритикуваа за тоа што не пееше во живо и што не танцуваше така динамично како во минатото.
Утрово Бритни доби и нови критики за прекумерно ретуширање на фотографиите за промоција на албумот. Daily Mail објави фотографии на кои јасно се гледа дека телото на Бритни е значително изменето, а исто така и лицето.

Погледнете го настапот на Бритни. Какво е вашето мислење?
„Hold it Against Me“
„Til the World Ends“
„Big Fat Bass“
Дополнување (30.03.2011):
Само неколку часа откако Бртини најави дека ќе оди на турнеја со Енрике Иглесијас, сајтот Billboard објави дека Енрике се повлекува.
Денес беше пуштено и официјално соопштение од страна на Енрике во кое тој се извинува за недоразбирањето што настанало и потврдува дека нема да настапува со Бритни.
Според неофицијални информации, шпанскиот пејач се откажал затоа што не можел да поднесе да настапи како „најава“ за Бритни.