Бритни го објави спотот за песната „Hold It Against Me“. 14 дена по ред се појавуваа кратки видеа кои ги ја поттикнуваа љубопитноста на обожавателите на Бритни, а сега конечно е достапен целиот производ.
Видеото режирано од Jonas Akerlund е поделено на четири дела. Во првиот Бритни ги покажува своите способности за танцување (точно во нејзин стил), во вториот е затворена во просторија исполнета со ТВ екрани, во третиот се бори со своето алтер его, а во четвртиот, повторно танцува со група машки танчери.
„Hold It Against Me“ е првиот официјален сингл од најновиот албум на Бритни, „Femme Fatale“ кој ќе се појави наредниот месец.