Рики Мартин го промовираше новиот спот за песната „The Best Thing About Me Is You“.
Видеото започнува со силни зборови како „љубов“, „еднаквост“, „неправда“, „невиност“, „злоба“, а потоа се прикажуваат луѓе од различни раси и со различна сексуална ориентација. Почетокот на видеото е малку повеќе драматичен за веселата песна што следува и многу потсетува на неговото промотивното видео „My Skin Talks“ кое беше метафора за будењето и отворањето на Рики Мартин пред светот.
„The Best Thing About Me Is You“ е дел од новиот албум на Рики, насловен како „Music+Soul+Sex“, а којшто треба да биде пуштен во продажба на 1 февруари. Песната е дует на 39-годишниот пејач со Џос Стоун.
Освен англиската верзија, овој сингл е снимен и на шпански, со наслов „Lo Mejor De Mi Vida Eres Tu“.