Рики Мартин се израдува на најубавиот новогодишен подарок. 47-годишниот пејач и неговиот сопруг Џуан Јосеф добија ќеркичка.
Убавата вест ја споделија среќните родители на Instagram. „Пресреќни сме што објавуваме дека станавме родители на прекрасно и здраво девојче, Луција Мартин-Јосеф. Ова е специјален момент за нас и едвај чекаме да видиме каде ќе нè одведе ова ѕвездено бебенце. Двајцата нејзини прекрасни браќа и јас и Џуан се заљубивме во Луција“ – стои во описот на фотографијата од бебенцето кое ги држи за прсти своите татковци.
Рики и Џуан открија дека се верија во ноември 2016 година, а тајно стапија во брак пред една година.
Популарниот латино пејач има и 10-годишни близначиња, Матео и Валентино.