Рики Мартин енергично танцува на плажа заедно со група танчари во спотот за новата песна „Vida“.
Двојазичната песна е дел од официјалниот албум „One Love, One Rhythm“ за Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Бразил.
Видеото било снимено во Рио де Жанеиро. „Многу се забавував за време на снимањето во Бразил“ – рекол 42-годишниот пејач.