„The Best Thing About Me Is You“ е најновата песна на Рики Мартин, која вчера премиерно беше пуштена во радио шоуто на Рајан Сикрест.
Таа е дует на латино пејачот со британската соул пејачка Џос Стоун и е првиот аудио материјал од неговиот неименуван двојазичен албум, којшто треба да се појави во почетокот на наредната година.
Освен англиската верзија, песната е снимена и на шпански и е насловена „Lo Mejor De Mi Vida Eres Tu“.
38-годишниот пејач треба да се појави во денешното шоу на Опра и да зборува за јавното признание дека е хомосексуалец и за растењето на близначињата.
Рики признава дека раѓањето на близначињата Валентино и Матео со помош на сурогат мајка му дало храброст да се отвори пред светот за својата сексуална ориентација.