Шакира денес ги израдува своите обожаватели со спотот за песната „Sale El Sol“. Во видеото, Шакира настапува со нејзиниот бенд, а во исто време е прикажана како трча облечена во голем балски фустан во боја на шампањ низ мрачен лавиринт.
Спотот е соработка на Шакира со компанијата за вино Freixenet. Шакира учествува во нивната рекламна кампања, а компанијата донираше 500 000 евра за хуманитарната фондација на младата пејачка, Pies Descalzos Foundation. Парите ќе бидат наменети за градење на две училишта, едно во Хаити, а друго во Колумбија.
„Образованието е единствената алатка што детето ја има за да ги претвори неговите соништа во реалност“ – изјавила 34-годишната латино пејачка, која активно се залага за обезбедување на подобро образование за децата во неразвиените земји.
„Sale El Sol“ е дел од истоимениот седми студиски албум на Шакира, кој беше пуштен во продажба од октомври минатата година.