Шакира блеска од среќа покажувајќи го своето заоблено стомаче. 35-годишната пејачка на Facebook објави фотографија на која се гледа нејзиното големо стомаче и веднаш привлече бројни позитивни коментари од своите фанови.

За помалку од 24 часа, фотографијата има собрано над 740.000 лајкови и 48.000 коментари. Популарната пејачка, која го очекува своето прво дете со фудбалерот Пике, над фотографијата напиша: „Now I don't have a six pack, only one pack!! / Ahora no tengo el 6 pack sino un solo pack!! Shak“.
Неколку дена претходно, во интервју за германските медиуми Шакира откри дека со Пике очекуваат машко дете.
Шакира потврди дека е во врска со 25-годишниот Пике во март минатата година. Ова ќе им биде прво дете.